Во сообраќајна несреќа во Охрид загина 18-годишник

На 13.11.2024 година во 01:15 часот, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, автомобил „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излегол од коловозот.

На местото на несреќата починал Д.Ц., додека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека 16-годишниот сопатник од Охрид бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Јавен обвинител, вештачење од судска медицина и полициски екипи извршија проверка на местото на несреќата. По наредба на јавен обвинител мртвото тело на починатиот е испратено на обдукција.