– Во Србија првпат е покренат системот ПРОНАЈДИ МЕ за двегодишната Данка Илиќ исчезната денеска во приградската населба Бањско поле кај Бор.
Во потрага на двегодишното девојче на терен е полицијата, пожарникари-спасувачи, припадници на ГСС и бројни граѓани. Од Ниш се очекува да пристигнат припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи. Во потрагата по девојчето во која се вклучени околу 2.000 луѓе се користат и дронови со термо камери.
-Данка Илиќ, стара две години исчезна во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле, Улицата Војвода Радомир Путник бр. 19 (град Бор). Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Таа има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри, во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, црни патики и косата и е врзана во опавче. Доколку имате информации јавете се во полиција на 192, добија порака сите граѓани на Србија преку СМС порака на своите мобилни уреди.
Дождот што паѓаше во текот на денот уште повеќе ја отежнува потрагата.
Во Србија за првпат е лансиран системот ПРОНАЈДИ МЕ! кој е наменета за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице, со што ќе се овозможи брза дистрибуција на информации до сите граѓани преку субјектите надлежни за информирање на јавноста, кога полицијата ќе оцени дека објавувањето на оваа информација во јавноста би придонела за пронаоѓање на детето.
Под итно известување се подразбира испраќање порака за исчезнување на малолетно лице со сите релевантни информации, со прекинување на ТВ и радио програми, испраќање СМС на сите граѓани преку нивните мобилни оператори, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.
Во Србија од 25 октомври минатата година почна да работи системот за итно известување на јавноста за исчезнати деца.