Нов земјотрес ја погоди соседна Србија денеска околу 15:00 часот во областа на Нови Пазар.
Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Да потсетиме, Србија за неполни 24 часа ја погодија 7 земјотреси, а најсилниот регистриран земјотрес се случи синоќа во Баљевац на Ибар со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 6 километри.