Сопствениците на електрични тротинети во Србија имаат време од 5 април до 15 јуни да ја завршат регистрацијата, по што започнува контролата, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.
РТС потсетува дека стапи во сила регулативата за регистрација на лесни електрични возила – скутери. Со правилникот се уредува начинот на издавање, водење евиденција, изгледот и начинот на ставање налепници.
Лесните електрични возила или електрични скутери ќе може да се регистрираат од 5 април, додека на 15 јуни во сообраќај ќе можат да учествуваат само лесни електрични возила со валидна регистрација, изјави Мирко Коковиќ од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.
За да се добие налепница потребна е техничка документација од која може да се одреди марката на самиот скутер, максималната номинална моќност на електромоторот што го придвижува, потоа брзината која не смее да надмине 25 километри на час, како и масата на празно возило.