Најмалку 11 лица се загинати, а 24 повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, кај Анкара.
Автобусот удрил во столб под мостот околу 5 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.
На местото пристигнале пожарникари и спасувачки екипи.
Гувернерот на Анкара, Васип Шахин рече дека според првите информации, возачот најверојатно заспал зад воланот, бидејќи нема индикации дека се обидел да го закочи возилото.