Во Суматра се одржа традиционална трка со бикови во кал (Фото)

Традиционалниот натпревар „Pacu Jawi“, кој се одржува на запад од островот Суматра во Индонезија, годинава го привлече вниманието на голем број жители и туристи, јавува Анадолија

Тоа е трка со бикови во калливите оризови полиња што го слави крајот на сезоната на жетва во областа Тана Датар во Западна Суматра.

Оваа традиција е стара речиси еден век и е привлечна и за домашните и за странските туристи.

Се натпреваруваат локални бикови, како и оние од соседните села.