Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.

Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за дополнителни информации студентите може да го контактираат МОН по е-пошта на subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или да ја посетат канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството.

МОН посочува дека сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.