Со низа манифестации во Турција денес се одбележува 19. Мај – Денот на млади и спорт, што воедно е и Денот на сеќавање на првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Планирани се низа манифестации во текот на денот, како и полагање на цвеќе на спомен обележјето.
На 19 мај во 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Република Турција. Поради тоа 19 мај е исклучително важен празник во земјата.
Денот на млади и спорт се одбележува со разни манифестации и во други држави од светот во кои живее турската дијаспора.