– Француското Министерство за економија, финансии и индустриски и дигитален суверенитет беше претресено во понеделникот како дел од истрагата за трансферот на фудбалерот Нејмар, објавија француските медиуми.
Медиумите објавија дека неколку одделенија на даночната администрација на Министерството биле претресени откако во Франција се појавија вести за можна даночна услуга што му била дадена на Париз Сен Жермен (ПСЖ) во 2017 година за трансферот на бразилската ѕвезда Нејмар.
Сè уште нема официјален коментар за ова прашање.
Откако играше за Барселона од 2013 година, Нејмар потпиша со ПСЖ во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра, што е најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Потоа во август 2023 година Нејмар замина во саудискиот клуб Ал Хилал.