ВО ЦЕНТАР – Југослав Петрушиќ ексклузивно ја открива вистината за нападот на Косово: “Па знаете ли само кој може да го направи ова !?“ | ВИДЕО

Познатиот српско-француски агент, контраразузнавач, припадник на француската воена разузнавачка служба ДРМ, француската легија на странци, еден од главните организатори на контраразузнавачките операции за време на војните во поранешна Југославија, како и учесник во операцијата во Сребреница, Југослав Петрушиќ, беше гостин на новинариот Васко Ефтов во новата емисија „ВО ЦЕНТАР“.

Југослав Петрушиќ зборуваше за актуелните случувања во регионот, а посебен акцент стави на неодамнешните настани на северот од Косово, односно селото Бањска.

За потсетување, за настаните од 24. септември, Милан Радоичиќ, потпретседател на политичка организација во Косово, ја превзеде целата одговорност, односно на прес-конференција објави дека тој и неговита „пријатели“ од северот на Косово започнале акција против „теророт“ од страна на премиерот Албин Курти. За време на немирите, тројца српски напаѓачи беа убиени, како и еден припадник на косовската полиција.

Милан Радоичиќ

НАСТАНОТ НА КОСОВО Е РЕПРИЗА НА СРЕБРЕНИЦА !?

Југослав Петрушиќ во своето излагање во емисијата „ВО ЦЕНТАР“ тврди дека овие случувања на Косово се многу посериозни од тоа што изгледаат и се многу повеќе од она за што зборуваат премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Што ќе правиме со тоа што КФОР не реагираше ? Ова е многу повеќе од обична приказна, а тие сакаат ова да го спуштат на ниво на Албин Курти и Александар Вучиќ. Не може ова да се спушти на тоа ниво“, вели Југослав Петрушиќ.

село Бањска, Косово

Југослав Петрушиќ потоа продолжува и вели дека организаторите на настанот биле следени нон-стоп од силите на КФОР, а КФОР исто така не реагирал ништо на случувањата кои го „дестабилизираа“ Косово.

Ова е сериозна операција. Ова се случуваше и во Сребреница. Јас бев присутен во Сребреница. Има снимки како автобуси земаат затвореници, одат и ги пуштаат да ги некои воде и да ги убива. Се обидувам да кажам да се вратиме малку на конкретни премиер како што е Сребреница“, вели Југослав Петрушиќ.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е05: Југослав Петрушиќ ја открива вистината за нападот на Косово – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #JugoslavPetrusic #Jugoslav #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #Serbia #tiktokserbia #Kosovo #AleksandarVucic #AlbinKurti #Balkan #viral

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Југослав Петрушиќ посебно внимание посветува на името односно адвокатот Горан Петронијевиќ, кој ги брани учесниците во Сребреница, но не само таму туку и на многу други кризни места во Балканот се споменува името на овој адвокат како бранител. Токму денес, Горан Петронијевиќ го брани Милан Радоичиќ.

Горан Петронијевиќ наводно е и руски човек, и американски, и британски, но тој не е под контрола на никого, тој работи само за својот џеб“, тврди Југослав Петрушиќ.

КОЈ ГИ ПРАВИ ВОЈНИТЕ НА БАЛКАНОТ И ВО СВЕТОТ ?

Југослав Петрушиќ тврди дека креаторите на немирите и војните ги прават моќни луѓе и на местата каде што учествуваат се случува вистински хорор.

Војната ја прават само големите сили. Ваква работа може да направат само големите сили. За ваква работа се потребни може да направат само сериозни организации со тешка машинерија“, заклучува Југослав Петрушиќ.

Целата емисија со Југослав Петрушиќ можете да ја погледнете на Јутјуб каналот Васко Ефтов (Vasko Eftov).

Васко ЕфтовВО ЦЕНТАРЈугослав ПетрушиќКосовоСрбија