Поминаа пет дена од трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, Диого Jота , како и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа.
Целиот свет е сè уште во шок од оваа вест која ќе остави неизбришлив белег во срцата на сите фудбалски фанови.
Жота беше еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, а сега клубот одлучи да ги објави сите голови што ги постигна за „Црвените“ во негова чест. Португалецот постигна 65 гола за клубот од Англија во 182 натпревари, кои можете да ги погледнете подолу.
Diogoal ❤️
— Liverpool FC (@LFC) July 7, 2025
Remembering our number 20 with every Diogo Jota goal for the Reds. pic.twitter.com/xGzeAJiXkK
Диого Jота е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од 2020 година, а минатата сезона го освои првиот голем куп со клубот – Премиер лигата. Исто така, освои по еден ФА Куп и еден ЕФЛ Куп.
Во текот на својата кариера играше за Пасо Фереира, Атлетико Мадрид, Порто, Вулверхемптон…