Во Шведска се убиени деца! Нови детали за морничавото крвопролевање, едно лице уапсено! Најстарата жртва имала 20 години

Според шведските медиуми, најстарата жртва имала 20 години.

Засега не е познато дали уапсеното лице го извршило нападот или евентуално бил соучесник.

Да ве потсетиме дека пукањето се случило во близина на Трг Васкал во вторник попладне, за време на попладневниот шпиц.

Првите истрели одекнале околу 17 часот, во близина на фризерски салон. Екипите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, но немало начин да се спасат тројцата застрелани лица.

По крвавиот пир, убиецот наводно избегал од местото на настанот со трицикл, а обемната потрага по него продолжила во текот на целата ноќ, а над градот летал и хеликоптер.

Полицијата соопшти дека убиецот бил облечен во темна облека, маскиран и носел очила за сонце.