Во Шведска станува неподносливо

Купувањето на вашиот прв имот во Шведска е сериозен проблем. Владата мора да го реши ова прашање.

Шведска треба да ги ублажи регулативите за одобрување и отплата на станбени хипотекарни заеми за да им го олесни купувањето на граѓаните, соопшти владината комисија.

Шведскиот долг на домаќинствата во моментов е речиси двојно расположлив приход и е меѓу највисоките во Европа.

По светската финансиска криза во 2008 година, властите одлучија да ги ублажат ризиците во банкарскиот сектор со воспоставување на плафон за задолжување и регулативи за отплата на хипотекарните заеми за високо задолжените домаќинства.

Критичарите, сепак, предупредија дека регулативите го отежнуваат купувањето прв имот и ги ставаат во тешка положба граѓаните без капитал.

Во меѓувреме, задолжените домаќинства дополнително беа оптоварени од високата инфлација и зголемените трошоци за задолжување, па ја намалија потрошувачката, што го забави економскиот раст.

„Има простор за олеснување на мерките“

Во вакви услови, владината комисија препорача да се зголеми лимитот за задолжување од 85 на 90 отсто од вредноста на недвижностите и да се олесни регулативата за отплата на должниците со големи износи на кредити.

Истовремено, Владата во регулативата да ја вклучи и компонентата на приходи и со уредба да го ограничи износот на станбените хипотекарни кредити кои не треба да го надминуваат бруто приходот на домаќинството во период од 5,5 години, предложи комисијата.

Има простор за ублажување на мерките, со зачувување на финансиската стабилност, нагласи шефот на комисијата, Питер Ингланд.

Владата напролет ќе ги приспособи регулативите за станбените хипотекарни кредити, изјави министерот за финансии Никлас Викман.