ВО ШПАНИЈА УНИШТЕНА ГОЛЕМА КРИМИНАЛНА ГРУПА – Албанци ‘испрале’ над 65 милиони евра од трговија со дрога за само една година !?

Шпанската национална полиција, со помош на Европол, уапси 27 лица за перење на повеќе од 65 милиони евра профит од трговија со дрога. 

Криминалната мрежа била составена од албански и кинески државјани кои се занимавале со производство и трговија со дрога, како и со перење пари, се наведува во соопштението на Европол.

Мрежата оперирала преку нелегално правно лице преку кое вршела трансфери и прикрила големи суми пари од продажба на дрога, со кои се финансирале нови криминални операции.

При претрес на имотот на уапсените запленети се луксузни часовници и накит во вредност од над 400.000 евра, како и автомобили, телефони и 615.000 евра во кеш. 

Истражителите веруваат дека криминалната мрежа испрала повеќе од 65 милиони евра за помалку од една година, од мај 2020 до март 2021 година.

АлбанијадрогаКинакриминалпариШпанија