Британски Би-Би-Си објави податоци од длабинската истрага за тоа како руска компанија се камуфлирала со лажни сопственици во Обединетото Кралство, но била поврзана со најблиските пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, а потоа му платила стотици илјади долари на поранешен помошник во кампањата на Доналд Трамп, да лобира кај претседателот на албанската Демократската партија, Љуљзим Баша во врска со изборите во 2017 година, јави abcnews.al.
Компанијата, која се покажа дека е регистрирана во Шкотска, платила 150.000 долари на лобистичка компанија во Вашингтон за Љуљзим Баша да се фотографира со поранешниот претседател Доналд Трамп. Оваа фотографија потоа ја користеше претседателот на Демократската партија, Баша во изборната кампања во 2017 година.
Поранешниот помошник во изборната кампања, на поранешниот претседател Доналд Трамп, Ник Музин успеал да организира средби, на кои Љуљзим Баша имал контакт со голем број републикански конгресмени.
-Минатогодишните извештаи на американското разузнавање покажаа дека предизборната кампања во 2017 година каде Љуљзим Баша се кандидираше да стане премиер на земјата со слоганот „Направи ја Албанија повторно голема“, тајно бил поддржан од Русија со 500 илјади долари. Баша, кој ги негираше овие тврдења, не одговорил на барањето од Би-би-си за повеќе информации. Плаќањата за лобирање на Љуљзим Баша во Соединетите Американски Држави ги вршеше компанијата Biniatta Trade, која имаше седиште во Единбург, Велика Британија, компанија зад која се криеше Алфа консалтинг со седиште на Сејшели, наведува албанската телевизија повикувајќи се на Би-Би-Си.
Според истиот извор, Алфа консалтинг, помогнала во основањето на 900 компании во Обединетото кралство, кои биле искористени за да се скријат средствата на руските олигарси пријатели на претседателот Владимир Путин.
Меѓу овие луѓе бил и поранешниот шеф на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој сакал да ја скрие сопственоста на јахтата што ја користел.
-Истрагата на британскиот медиум, во соработка со Finance Undercovered, покажува факти за руското финансирање во рамките на Демократската партија, факт што пред една година го потврди и Американското разузнавање, заклучува abcnews.al.