По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27 годишна возраст, едna од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби , којa беше идентификуванa како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека пациентkaта е хоспитализирана на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.
По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27 годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО.
Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Северна Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија и теренски увид соопштија од Министерството.
Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик.
На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија и ставени се под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.