,,Врати ни се жив Јоване!” Тинејџер (19) влета во пожарот и спаси 20 деца од ,,дискотеката на смртта” Сега сите се молиме да оздрави (ФОТО)

Деветнаесет годишниот Јован Костадинов од Виница стана симбол на храброста и несебичноста откако успеа да спаси 20 луѓе во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 59 млади животи.

Неговото херојство одекна на социјалните мрежи, каде граѓаните му испраќаат пораки за поддршка и желби за брзо закрепнување.

Херојството не се мери со години, туку со храброст и хуманост! Јован од Виница, 19 години, симбол на несебичната жртва кога без двоумење влезе во пожарот во Кочани да спаси 20-тина деца!

Херојството не познава години.

Храброста на Јован покажува дека херојството не познава возраст , туку се мери со хуманоста и подготвеноста да им помогне на другите во моменти на најголема опасност. Неговата работа инспирира и покажува дека и во најтешките моменти има луѓе кои се подготвени да го ризикуваат сопствениот живот за да им помогнат на другите.

Покрај Јован, има и други неименувани херои од трагедијата во Кочани, чии дела заслужуваат признание и почитување. Тие се примери за храброст и солидарност во најтешките моменти.

Градот Виница жали за жртвите од пожарот, но и за своите сограѓани Ана и Моника, чии млади животи и соништа беа скратени. Во спомен, граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи на плоштадот „Ангел Винички“, каде 
беше отворена Книга на жалост за изразување на сочувство до семејствата на жртвите.

„Врати се живи кај нас, Јоване!“, велат блиските пријатели на младиот херој, додека заедно со целата заедница ја споделуваат болката и тагата за изгубените животи.