Вредни трикови: Елиминирајте ја маснотијата од дрвените кујнски површини

Маснотијата која се создава во кујнските кабинети како резултат на пареата од готвењето е еден од најголемите непријатели во кујната

Ако вашите кујнски кабинети не се чистат толку често, добро знаете каква маснотија може да се акумулира и колку е тешко да се отстрани.

Најдовме прифатлива и едноставна метода за чистење што можете да ја испробате веднаш.

Алатки за чистење

Во шише со распрскувач измешајте шолја вода, неколку лажици детергент за садови и 10 капки есенцијално масло од портокал или лимон. Оваа течност добро измешајте ја, пренесува Телеграфи.

Инструкции за чистење со маснотии

Истурете ја оваа течност директно во маснотиите. Ставете стара крпа под шкафовите за да не капе течност по површината.

Почекајте неколку минути маснотиите да почнат да се топат. Потоа земете влажна крпа и добро избришете го кујнскиот кабинет.

За уште подобар сјај, повторете ја целата постапка уште еднаш.

Ако барем еднаш неделно ги чистите вашите кујнски кабинети со оваа течност, ќе спречите таложење на маснотии и следното чистење во секој случај ќе биде многу полесно