Временска прогноза! Подгответе се за дожд, снег и температури под нулата

Денес во утринските часови времето ќе биде облачно и со провремен снег, главно во западните делови.

Во текот на ноќта ќе дува просечен ветер, додека долж северниот Вардар засилен со над 70 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, додека максималната од -1 до 11 Целзиусови степени.

Во текот на следните денови времето ќе биде стабилно и мирно, со ниски утрински температури и магла по котлините.