Временска прогноза

Времето ќе биде променливо облачно и повремени врнежи од дожд, најобилни во источните делови од државата со над 15 литри на метар квадратен.

Од УХМР информираат дека врнежите ќе бидат од снег во планинските предели, додека на повисоките места ќе има дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, додека долж Вардар ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, почнувајќи од западниот дел на државата попладне облачноста ќе се намалува и до крајот на денот врнежите насекаде ќе престануваат.

„Утре попладне и во текот на ноќта во понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 литри на метар квадратен). На највисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, додека вдолж Вардар ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Потоа ќе биде променливо облачно, со појава на магла или ниска облачност по котлините. Во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, снег на планинските подрачја“, соопшти УХМР.