Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло време со слаб умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, додека максималната ќе достигне 40 степени.
Во текот на новата работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со локална до умерена облачност. Дневните температури на некои места ќе надминат 35 степени, додека на некои места дури и 40 степени Целзиусови.