Времето денес ќе биде сончево и многу топло со локална мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, додека максималната ќе достигне 41 степен.