Времето на појадок открива колку долго ќе живеете: Само еден час доцнење го скратува животот

Експертите предупредуваат дека времето кога појадуваме има силно влијание врз здравјето, па дури и врз животниот век.

Ново истражување покажува дека одложувањето на првиот оброк го зголемува ризикот од прерана смрт , додека раниот појадок помага за подобра регулација на шеќерот во крвта и постабилен метаболизам.

Најздраво е да појадувате во рок од еден до два часа по будењето, што му обезбедува енергија на телото и го прекинува ноќниот пост. Редовниот ритам на оброците помага и во синхронизирањето на внатрешниот часовник, што дополнително придонесува за хормонската рамнотежа и варењето на храната.

Наместо печива, кроасани и шеќерни житарки, се препорачува појадок богат со протеини, влакна и здрави масти како што се јајца, овесна каша, јаткасти плодови и овошје. Таквата комбинација обезбедува подолготрајна ситост, стабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија во текот на денот.