Во недела (17. септември) со почеток од 22:00 часот започнува 23. сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“.
23 години емисијата „ВО ЦЕНТАР“ се емитуваше на телевизиите: Сител, Канал 5, Алфа, Аласат-М, а денес само на Јутјуб односно каналот на новинарот Васко Ефтов (Vasko Eftov).
Во оваа нова телевизиска односно јутјуб сезона – 2023/24 година – не очекува едно возбудливо патување. Следната година, пред се не очекуваат претседателски и парламентарни избори во Република Македонија. Но, во 2024 година ќе има битни избори и во Европската унија односно избори за Европскиот парламент, а избори не очекуваат и во Украина, но и во Русија каде Владимир Путин наголемо се подготвува за уште еден мандат за претседател на државата.
Меѓутоа целиот свет со нетрпение ги очекува претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) – прашањето за милион долари е дали ќе победи Доналд Трамп или Џо Бајден. Во зависност од тоа кој ќе победи во САД ќе имаме крај или продолжување на војната во Украина.
Но, бидејќи најдолиот пат започнува со првиот чекор, во недела во 22:00 часот ќе одговориме на три прашања:
1.) Кој ќе победи на изборите во Република Македонија ?
2.) Кој ќе ја формира идната Влада во Република Македонија ?
3.) Како ќе заврши конфликтот кој владее зад завесата помеѓу македонската Влада и македонската олигархија ?
За да го дознаете одговорот на овие прашање, следете не, вечерва со почеток од 22:00 часот на јутјуб каналот Vasko Eftov.