Врз Газа употребени 77.000 тони експлозив: Убиени се 15.239 деца, под урнатините или исчезнати 10.000 луѓе

– Во нападите на израелската војска врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година употребени се 77.000 тони експлозив, а целосно се уништени 87.000 станбени единици.

Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа го објави билансот за израелските напади врз Газа по 230 дена.

Соопштено е дека израелската војска „извршила 3.191 масакар во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година“.

Се наведува дека во нападите на израелската војска во Појасот Газа загинати се најмалку 15.239 деца и 10.093 жени, и дека под урнатините или исчезнати се 10.000 луѓе.

Од Канцеларијата соопштено е дека болниците регистрирале 35.800 мртви и 80.200 ранети. Истакнато е дека 71 отсто од загинатите и ранетите во израелските напади се жени и деца.

Потсетија дека 31 лице ги загубиле животите поради неисхранетост и дехидратација во Појасот Газа.

Нагласено е дека од 7 октомври израелската војска ја нападнала Газа со 77.000 тони експлозив.

Истакнаа дека во израелските напади во Газа убиени се 493 медицински работници, 69 службеници на цивилната заштита и 147 новинари.

Потсетија и дека тела на 520 Палестинци се ексхумирани од седум масовни гробници пронајдени во болниците каде што беа израелските војници.

Се нагласува дека 17.000 деца во Газа живеат без еден или двајцата родители.

Од канцеларијата се наведува дека регистрирани се 11.000 повредени лица кои се животно загрозени и кои треба да се лекуваат во странство.

Се наведува и дека 10.000 заболени од рак се во животна опасност поради неадекватна здравствена заштита.

Во соопштението во кое се укажува на нехуманата ситуација во преполните сместувачки центри каде се засолнети раселените Палестинци, се наведува дека како последица на раселувањето откриени се повеќе од милион заразени од заразени болести и повеќе од 20.000 случаи на хепатитис А.

Констатирано е дека животите на 60.000 бремени жени во Газа се загрозени поради недостиг на здравствена заштита, и на 350.000 лица со хронични болести поради недостиг на лекови.

Од Канцеларијата објавено е дека израелската војска привела над 5.000 Палестинци во Газа.

Нагласено е дека израелските војници привеле 310 медицински работници и 20 новинари, а два милиони луѓе се раселени во Појасот Газа, каде што живеат 2,3 милиони жители.

Во израелските напади врз Газа целосно се уништени 87.000 станбени единици, и оштетени 297.000 кои се ненаселени.

Забележано е дека израелската војска уништила 189 владини згради и 108 училишта и универзитети, а делумно се оштетени 313 училишта и универзитети.

Објавија и дека израелската војска целосно уништила 604, а делумно 200 џамии во Газа и погодила три цркви, предизвикувајќи нивно уништување.

Наведено е дека Израел гаѓал 160 здравствени установи во Газа, оставил надвор од функција 55 здравствени центри и 33 болници, а 130 амбулантни возила направил неупотребливи.

Исто така, соопштено е дека Израел го таргетирал и палестинското културно наследство и уништил 206 историски и културни добра во Газа.

Се наведува дека директната штета предизвикана од израелските напади во Појасот Газа изнесува 33 милијарди долари.