Во Истанбул се одржаа најмасовните протести во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул.
37 лица се приведени во затоа што коментирале на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.
Спред министерот осомничените „со своите коментари поттикнувале кривични дела и омраза“.
Дел од насобраните револтирани луѓе во Истанбул пред градското собрание извикувале „Ердоган, диктаторе” и „Имамоглу, не си сам!“, а имало и судир со полицијата, при што бил користен и солзавец за да се растераат демонстрантите од пред Универзитетот во Истанбул.