Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, влажни коловози. Врнежите од снег со послаб интензитет на одредени патни правци, но во моментов не претставуваат пречка за сообраќај. Намалена видливост поради појава на магла до 100 m. е во планинскиот премин Плетвар, соопштуваат од јавното претпријатие „Македонски пат“.
На одредени коловози кои минуваат низ клисури и усеци можни се помали одрони.
Јавното претпријатие „ Македонија пат “ апелира внимателно да се вози и да се приспособи брзината на движење според условите на патот.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови наместа со влажни коловози.
АМСМ препорачува регулирање на брзината, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за одрони. Ова особено се однесува на сегментите Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочан – Делчево.
Од 15.11.2023 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2024 година.