Украинскиот парламент денеска го именуваше Игор Клименко за нов министер за внатрешни работи.
На денешната седница на Врховната Рада, новиот министер за внатрешни работи го претстави премиерот на Украина, Денис Шмигал, а одлуката за именување на Клименко ја поддржаа 321 од вкупно 450 пратеници, изјави пратеникот Јарослав Железњак, пренесен од агенцијата Униан.
По смртта на претходниот министер Денис Монастирски, кој загина во хеликоптерска несреќа пред две недели, Клименко беше назначен за вршител на должноста министер за внатрешни работи на Украина.