– Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.
– Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација, изјави Јенер по затворањето на гласачките места на претседателските и парламентарните избори.
Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите.
Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.
Во тек е броење на гласовите.