Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција Ахмет Јенер соопшти дека досега се преброени и потврдени 54,6 отсто од гласовите.
На вториот круг од претседателските избори повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу.
Според Изборната комисија, согласно преброените гласачки ливчиња, Ердоган води со 54,47 отсто, наспроти Киличдароглу за кого гласале 45,53 отсто од избирачите.