– Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, на Американската агенција за вселена и авијација (НАСА) ја сними најоддалечената галаксија формирана во периодот дефиниран како Космичка зора.
НАСА соопшти дека Космичката зора е дефинирана како период кога се родени првите галаксии по „Големата експлозија“, и дека телескопот ја снимил најоддалечената позната галаксија, која е формирана 290 милиони години по „Големата експлозија“ (Биг бенг).
Во соопштението се истакнува дека снимената галаксија привлекува внимание не само со својата оддалеченост, туку и со својата светлина и големина.
„Галаксијата позната како JADES-GS-z14-0 изгледа изненадувачки светла и е широка 1.600 светлосни години“, се наведува од НАСА.
Раководителот на Отсекот за астрономија при Универзитетот Харвард, Даниел Ајзенштајн, рече дека големината на галаксијата укажува дека таа содржи млади ѕвезди кои произведуваат големи количини светлина.
Научниците нагласуваат дека сликите направени од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ се важни за испитување на раниот универзум.
Телескопот „Џејмс Веб“ беше лансиран во 2021 година со цел да го замени вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА и да ја истражува непознатата вселена на оддалеченост од 1,6 милиони километри од Земјата.