Товарниот сообраќај преку трите гранични премини со Грција, е во целосен прекин од вчера од 6 часот кога почна штрајкот на грчките цариници, а повремено се пропуштат патници на Богородица и Дојран.
Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на Меџитлија-Ники од вчера од вчера нема никаков сообраќај, додека на останатите два премини повремено се пропуштат патници.
– Вчера и денеска грчките погранични служби на определен период пропуштаат патнички возила. На Дојран тоа го прават на секои час, час и половина, а на Богородица-Евзони на секој половина час, информира Богев.
Според најавите од грчка страна штрајкот на цариниците треба да заврши утре во 6 часот.