Водечкиот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал, попладнево загуби од Евертон со 1:0 во натпреварот од 22. коло.
Стрелец на единствениот гол на „Гудисон парк“ во Ливерпул беше Џејмс Тарковски во 60. минута.
„Топчиите“ загубија во Премиер лигата за прв пат од 4 септември 2022 година. Тогаш беа поразени од Манчестер јунајтед (1:3). Ова беше втор пораз за Арсенал во тековната сезона.
„Карамелите“ ја забележаа само четвртата победа и во моментов излегоа од „Зоната на испаѓење.
Арсенал го задржа водството во табелата во Премиер лигата со 50 бода, Евертон се искачи на 17. место со 18 бодови.