– Вулканската активност на Исланд, што започна во понеделникот, е намалена, објавија денес локалните медиуми.
Активноста на вулканската ерупција кај кратерот Сунднукс сега е стабилна и во текот на ноќта не се случени одредени промени, соопшти државата телевизија РУВ, повикувајќи се на Националната метеоролошка служба.
Се додава дека ерупцијата што започна во понеделникот вечерта се намалила.
Градот Гриндавик, што се наоѓа блиску до кратерот, засега, не е загрозен од протокот на лава, кој се движи кон север, подалеку од градот, според телевизијата.
Во Исланд активни се вкупно 32 вулкани.