Вучевиќ рече дека една третина од министрите ќе бидат оние кои не биле дел од последниот кабинет на Ана Брнабиќ, a Александар Вулин, и Ивица Дачиќ се предложени за вицепремиери
Милош Вучевиќ, мандатарот за состав на новата Влада на Србија, изјави дека денеска ќе поднесе барање до претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, да закаже седница за 1 мај, на која ќе го презентира експозето , план за работа и предлог за состав на Влада на Србија. Вучевиќ на конференцијата за медиуми по седницата на Претседателството на СНС рече дека една третина од министрите ќе бидат оние кои не биле дел од последниот кабинет на Ана Брнабиќ. „Има четири непартиски личности, а 10 жени“, рече Вучевиќ и додаде дека учеството на СНС е уште поголемо. Вучевиќ за идни членови на владата ги предложи следните имиња: Синиша Мали, прв вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ирена Вујовиќ, вицепремиер и министер за заштита на животната средина и водостопанство, Александар Вулин, вицепремиер, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ, министер за рударство и енергетика, Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ, министер за правда, Јелена Жариќ- Ковачевиќ, министер за државна управа и локална самоуправа, Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, Братислав Гашиќ, министер за одбрана, Марко Ѓуриќ, министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ, министер за евроинтеграции, Славица Ѓукиќ – Дејановиќ, министерка за образование, Адријана Месаровиќ, министерка за економија, Александар Мартиновиќ, министер за земјоделство, Златибор Лончар, министер за здравство, Немања Старовиќ, министер за труд, вработување, бранители и социјала, Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски. Грижа и демографија, Зоран Гајиќ, министер за спорт, Никола Селаковиќ, министер за култура, Милан Кркобабиќ, министер за грижа за село, Јелена Беговиќ, министер за наука, технолошки развој и иновации; Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади, Дејан Ристиќ, министер за информации и телекомуникации и Дарко Глишиќ, министер за јавни инвестиции. За министри без ресор беа предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Милиќевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура. Маја Гојковиќ ќе биде претставник за составот на покраинската влада, рече Вучевиќ, пренесе РТС.
TRT Balkan