Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави пред утрешните демонстрации, на кои повикаа студентите во блокадата, дека „Србија не го прифати ултиматумот“.
„Српската држава многу пати се соочуваше со ултиматуми од странски големи сили. И овој пат, странските сили ни испратија ултиматум преку домашни послушници. Одговорот на српската држава беше секогаш ист. Србија не е шака овес за покана. Ултиматумот не беше прифатен, не мора да чекате до 21 часот утре“, рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека владата во Србија „била подготвена да разговара со сите“, но дека тоа било протолкувано како слабост.
„Бевме подготвени да разговараме со секого. Го одржувавме мирот кога го прекршија законот. Потоа некој помисли дека тоа значи слабост, дека ова се знаци на оние што се плашат“, рече тој.
Вучиќ, исто така, изјави дека ги повикува „сите млади луѓе да ја зачуваат Србија“ и додаде дека е добро што утре е Видовден бидејќи „тогаш сè ќе се види“.
„Уште еднаш ги повикувам сите млади луѓе и сите луѓе во Србија да ја зачуваат Србија. Но, на крајот на краиштата, добро е што дојде Видовден за да може сè да се види. На Видовден ќе се види дали некој се плашел или не, а силата на српската држава е да го зачува мирот. Народот не треба да се плаши“, рече Вучиќ.