Српскиот претседател Александар Вучиќ го угости синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот. Вучиќ рече дека со синот на претседателот Трамп разговарал за билатералните односи меѓу Србија и САД, со акцент на економијата.
Тој, исто така, ја искористи приликата да му го покаже на Трамп Јуниор, како што рече, „најубавото шеталиште“ (Белград на вода) од терасата на зградата на Претседателството.
,,Tаму е најубавото шеталиште“, рече Вучиќ покажувајќи кон Белград на вода.
„Тоа не личи на комунистичката архитектура на која сме навикнати во Источна Европа“, одговори синот на Трамп.
,,Да, точно“, рече Вучиќ.
Потоа се сврте на другата страна.
„Тоа се луѓето кои би сакале да го запрат тој напредок“, рече тој, гестикулирајќи им на собраните околу зградата на Српското претседателство.
Ова не е првпат Трамп Јуниор да престојува во Србија, бидејќи таму беше и во септември за време на деловна вечера на која тема беа „инвестициите и атрактивноста на деловното опкружување на регионот и Србија од перспектива на инвеститорите од Соединетите Американски Држави“.
Таа вечер не присуствуваше ниту еден претставник на српската влада.
Доналд Трамп Џуниор. Тој официјално не е дел од актуелната американска администрација, или подобро кажано, не е на официјална функција, но тој е клучна фигура во испраќањето јасни пораки преку социјалните мрежи, каде што има милиони следбеници.
Засега не се познати повеќе детали што точно тој прави во главниот град на Србија.