Српскиот претседател Александар Вучиќ најостро го осуди насилството што, како што рече, блокаторите го вршат врз новинарите и уредниците на РТС и порача дека Србија ќе има сила да го заштити уставниот поредок.
Вучиќ на својот Инстаграм профил ги повика надлежните државни органи да преземат различни мерки за заштита на уставноста и законитоста по сите прашања во наредните денови, согласно Уставот и законот.
„Да се воспостави правниот поредок за да се заштитат јавниот ред и мир, за да биде целосно јасно дека Србија како држава функционира и барам од нив да го прават тоа што е можно повеќе без употреба на сила. Тогаш кога е неопходна сила, во тој случај, треба да биде најмалку можно за да се решат работите“, рече претседателот.