Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи на митинг во Ужице, рече дека Србија купила и документ со кој наредува напад на Кралството Југославија.
По неодамнешното купување на делото на Паја Јовановиќ со наслов „Одмор на Башибозук“, Република Србија денеска во попладневните часови ја откупи неславната директива бр. 25 од 27 март 1941 година, со која германскиот канцелар Адолф Хитлер издаде наредба за напад на Кралството Југославија и Кралството Грција, потсети Вучиќ.
- Тоа го враќаме во нашите музеи. Сакаме да ја заштитиме нашата историја – рекол тој