Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека морал да седне и да размисли откако ја доби веста дека Меѓународниот кривичен суд распишал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.
Вучиќ ја слушна веста за време на обиколката на областа Срем.
-Таа вест ми ја дадоа за време на патувањето. После тоа се најдов во градинка и реков: „Да седнам на клупа и да размислам пред да кажам било што“. Не сум од оние луѓе кои мислат на се во секунда. Треба да размислам што ќе направиме и како ќе го направиме тоа – изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија истакна дека ситуацијата во светот се усложнува.
- Светот си оди, само да не одиме со него. Таман мислев дека има добри вести. Само да избегнеме се да не ни оди се по наша глава – рече Вучиќ.
Да потсетиме, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.
Судот во Хаг го обвинува Путин за воени злосторства извршени во Украина.