На социјалните мрежи беше објавено видео на кое српскиот претседател Александар Вучиќ нервозно чека пред возилото на германскиот канцелар Олаф Шолц, а опозицијата изјави дека тоа е понижување за српскиот претседател.
Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Србија, а на аеродромот го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Она што требаше да биде свечен пречек набрзо се претвори во чудна ситуација која го изнервира Вучиќ.
Имено, откако Шолц влегол во автомобилот, Вучиќ останал да стои пред автомобилот и настанала непријатна ситуација во која не е јасно што се случува.
Микрофонот го фати Вучиќ како во еден момент нервозно вели „Да ми објасни некој што чекаaт сега“.
Една од лидерите на опозицијата, Мариника Тепиќ, на Твитер искоментира дека „микрофонот на РТС случајно го фатил Вучиќ како чувар на врата до автомобилот на Шолц три минути! А изјавите не биле ништо, тој за џабе ги влечел медиумите. се ракуваше и влезе во колата Тој остана, чекајќи да си заминат, барем да замавнат“.
Mikrofon RTS-a slučajno uhvatio Vučića kiselog što tri minuta stoji kao vratar pored Šolcovih kola!
— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) July 18, 2024
A izjave ništa, džaba dovlačio medije.
Šolc sleteo,rukovao se i ušao u kola!
On ostao, čeka da krenu bar da mahne.
I na kraju nervozan kaže: kad bi mi neko objasnio šta sad čekaju! pic.twitter.com/uJrZZPfsSG
Потсетуваме, Шолц дојде во неочекувана посета на Србија, а тема на разговор би требало да биде ископот на литиум во западна Србија, за што особено е заинтересирана германската автомобилска индустрија. Бројни еколошки организации се противат на ископувањето на литиум поради можните последици по природата и здравствените последици за населението.