Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брисел ќе го пречека Свети Никола, неговата слава, а поводот го објави на својот Инстаграм профил.
„Вечер е пред Свети Никола. Јас сум во Брисел и по тежок ден најдов сила во иконата на нашиот светец. Утре без мене во црквата ќе бидат брат ми Андреј и моите синови Данило и Вукан, а моите луѓе од нашата мисија ми помогнаа да набавам колачи и вино Метохија, им посакувам среќна слава на сите Срби кои го слават Свети Никола!!!
Вучиќ денеска и утре престојува во Брисел, каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан, како и на Самитот на Европската народна партија на Западен Балкан.