Српскиот претседател Александар Вучиќ и предложи на опозицијата дека може да побара референдум во парламентот за негово разрешување од функцијата шеф на државата. Оваа изјава Вучиќ ја даде вчеравечер во гостување на српска телевизија, посочувајќи дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, исклучи се бара „неговата глава“.
„Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ“, рече тој.
Посочи дека нема да остане на претседателската функција доколку ја нема поддршката од народот.