Српскиот претседател Александар Вучиќ оствари телефонски разговор со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, на кого му се заблагодари за ставот на оваа земја во врска со непризнавањето на Косово.
Вучиќ ја најави виртуелната средба преку објава на Инстаграм.
„Србија ја цени принципиелната и континуирана поддршка на Венецуела кога станува збор за зачувување на нашиот територијален интегритет и непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово“, напиша тој.
Во оваа комуникација, шефот на српската држава рече дека тој и Мадуро разговарале за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
„Убеден сум дека во наредните години ќе продолжиме да го негуваме ова драгоцено пријателство, да градиме мостови на соработка и солидарност и да придонесуваме за подобра и поповрзана иднина за нашите народи“, нагласи Вучиќ.
Во меѓувреме, венецуелскиот претседател е под силен меѓународен притисок. САД неодамна ја удвоија наградата за негово апсење на 50 милиони долари, обвинувајќи го Мадуро дека е еден од најголемите трговци со дрога во светот.
Претходно, наградата што ја понудија САД за неговото апсење беше 25 милиони долари.
Како дел од воениот и дипломатскиот притисок, три американски воени бродови се упатија кон водите во близина на Венецуела, додека Мадуро предупреди дека ќе стави во состојба на готовност околу 4,5 милиони членови на милицијата како одговор на заканите од САД.