Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со кого разговараше за актуелни прашања, објави тој на својот Инстаграм профил.
„Пријателски и отворен разговор со францускиот претседател Макрон за билатералните односи и регионалните прашања, особено во светлината на актуелните настани во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија.
Истакнав дека Србија останува посветена на сите процеси насочени кон зачувување на мирот, соработката и просперитетот и повторив дека развојот, благосостојбата на земјата, како и заштитата на српскиот народ, се наши клучни национални интереси. Ја нагласив нашата посветеност на дијалогот и почитувањето на меѓународното право, како и нашата подготвеност да придонесеме за долгорочната стабилност на регионот.
Му се заблагодарив на претседателот Макрон за неговата лична посветеност кога станува збор за Западен Балкан, како и за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Србија на нејзиниот европски пат и го поканив да ја посети Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.