Вучиќ рано утрово објави важна вест за граѓаните на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил со граѓаните на Србија ги сподели вестите за новото одложување на американските санкции за српската нафтена индустрија .

„Добри вести за граѓаните на Србија! Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овој пат за два месеци, до 27 јуни. Ви благодариме на нашите американски партнери што ја разбраа позицијата на Србија“, напиша Вучиќ.

За потсетување, компанијата НИС пред 3 дена достави ново барање до Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави за издавање на посебна лиценца со која се одложува целосната примена на санкциите, а целта е да се овозможи непречено работење на компанијата и по 28 април, што е рокот предвиден во лиценцата издадена на 28 март годинава.

Како што најавија од таа компанија, во наредниот период, и покрај сложените околности, компанијата НИС ќе остане посветена на продолжување на стабилното снабдување на домашниот пазар со сите видови нафтени деривати и зачувување на социјалната стабилност на своите вработени.