Вучиќ се сретна со Копман: „Важен разговор за забрзување на европскиот пат на Србија“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Герт Јан Копман.

„Добар и суштински важен разговор со генералниот директор на Директоратот за проширување на @Europeancommission за забрзување на европскиот пат на Србија.

Нагласив дека нашата цел е да ги завршиме реформските процеси и усогласувањето со законодавството на #ЕУ до 2027 година.

Исто така, изразив очекување дека #ЕУ и земјите-членки ќе ги препознаат напорите и напредокот што ги прави нашата земја и дека брзо ќе се движиме кон исполнување на заедничката цел за членство на Србија во ЕУ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.