Вучиќ со амбасадорите на Квинтата: Посветени сме на дијалогот со Приштина

„Претседателот Вучиќ уште еднаш повтори дека Белград е целосно посветен на дијалогот со Приштина и инсистираше на формирање на Заедницата на српски општини, чие формирање е договорено со Бриселскиот договор…“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими амбасадорите на земјите од Квинтата при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Виена и највисоките дипломатски претставници на тие земји во Белград, и со нив разговараше за ситуацијата на Косово и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и за други регионални прашања.

„Претседателот Вучиќ уште еднаш повтори дека Белград е целосно посветен на дијалогот со Приштина и инсистираше на формирање на Заедницата на српски општини, чие формирање е договорено со Бриселскиот договор, бидејќи во спротивно учеството во дијалогот губи смисла“, соопштено е од Канцеларијата за соработка со медиумите на претседателот на Република Србија.

Се додава дека Вучиќ и амбасадорите од Квинтата разговарале и за безбедносната состојба во Европа, како и за евроинтеграциите на Србија.

Вучиќ истакнал дека Србија ја цени добрата соработка со ОБСЕ како една од најзначајните меѓународни организации, како и нејзината мисија во Србија.

TRT Balkan