Вучиќ: “Србија нема да го признае Косово, ниту нивното членство во ОН. Точка!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм порача дека договорот со Косово не подразбира признавање на Косово.

За да нема корумпирани и лажни толкувања, и воопшто не се плашам дека на сите им го кажувам токму истото – за Србија не станува збор за признавање на Косово, за членство на Косово во Обединетите нации, организации, институции и агенции на ОН. Точка!“, напиша тој во неговата последна објава на социјалната мрежа.

Александар ВучиќКосовополитикаСрбија