Вјоса Османи во центарот на скандал во Скопје, не сакала да го отвори багажот на аеродром, шефот на обезбедувањето на Африм Гаши вперил пиштол во полицаец!?

Шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, вперил пиштол во чело на полицаец кој на аеродромот во Скопје побарал од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да го отвори својот багаж. Инцидентот се случил пред очевидци – патници и вработени на аеродромот, а реагирале и дежурните полициски патроли, пишува Курир.рс повикувајќи се на пишувањето на порталот 24 Инфо!?

По враќањето од Париз, Османи наводно слетала на аеродромот во Скопје, од каде што требаше да го продолжи патувањето за Приштина. Во согласност со процедурите на аеродромот, од неа било побарано да ги отвори куферите.

Сепак, претседателката на Косово го одбила тоа и „дрско и непримерно“ се обратила до обезбедувањето на аеродромот, пишува Kosovo online.

Откако одбила да ги отвори куферите, му се јавила на претседателот на македонското Собрание Африм Гаши од кого побарала помош да помине без да и го прегледаат багажот.

Гаши се согласил да и помогне и испратил членови од неговото обезбедување на аеродромот на чело со шефот Сабедин Синани, пишува Курир и додава:

Синани и уште неколку членови на обезбедувањето на Гаши пред десетина патници „дрско и навредливо“ се обратиле до обезбедувањето на аеродромот и побарале да ја пуштат претседателката на Косово да помине низ контролата.

Откако вработените одбиле да ја пуштат Османи, Синани извадил пиштол и му го вперил во чело на полицаец на аеродромот, пишува 24 инфо.

Набргу потоа, неколку вооружени полициски единици пристигнаа пред ВИП влезот на аеродромот.

По кратка драма, инцидентот завршил, без повредени.

Инаку, Вјоса Османи и Африм Гаши важат за исклучително блиски соработници, пишува Курир.

Поранешниот Претседател на Либералната партија, а сега прв човек на движењето Нова Република за инцидентот со Османи на фејсбук напиша: Кој е нарачателот на обидот за понижување на Вјоса Османи?

Дали утре (денес н.з.) на Давкова ќе и речат на граница да отвори багажник да проверат да не носи ајвар при посетата на манастирот Св. Прохор Пчињски?

Или претресот на Османи денес треба да и овозможи поугодна средба утре со домаќинот на српска територија, Вучиќ?

И за крај, замислете го соблазнувањето ако на скопски “Петровец” некој службеник му побарал на Вучиќ при транзит да го отвори личниот багаж, пишува Величковски.